Како споредува Компа

Методологија за евалуација на пакети за осигурување на домот која ја користи Компа

Оценувањето на пакетите за Домаќинско осигурување бара детален и нијансиран пристап кој квантитативно ги оценува следниве критериуми кај секој пакет:

  • покритие на пакетот со осигурени ризици
  • цената на пакетот
  • едноставноста на административниот процес за вадење
  • квалитетот на услугата во случај на штети и целокупното задоволство на клиентите.

Оваа комплексна методологија што Компа ја користи, креирана од осигурителни експерти со значајно искуство во индустријата, тежнее соодветно да го балансира учеството на овие фактори во оценката, нудејќи издржана рамка за споредба. 

Оваа методологија не е конечна и има тенденција постојано да се усовршува.

1. ПОКРИТИЕ НА ПАКЕТОТ

Евалуација на покриеност со ризици и нивна релевантност за типот на објект

Првиот критериум за бодување на пакетот е релевантноста на ризиците за соодветниот објект. Бодувањето предвид ги зема факторите на фреквенција (веројатност ризикот да се случи врз објектот) и влијание (потенцијал за предизвикување штета) и истите ги валидира преку веќе доделените проценки за ризик направени од страна на осигуретелните компании, манифестирани преку нивно учество во цената на полисата (тарифата за осигурување).

Предвид се зема и релевантноста на ризикот според типот на објектот. Па така, на пример, Поплава од поројни води ќе биде повеќе бодуван за куќи одошто за станови, бидејќи кај првите ризикот е поголем.

Одбитоци од добиените бодови

Бидејќи покриеноста со ризиците во повеќето случаеви не е апсолутна, односно постојат соодветни исклучоци (случаеви кога ризикот не е осигурен), лимити (горни суми на исплата кои се пониски од генералните), франшизи (учество на корисникот во штета) и каренци (одложување на почетокот на важност на полисата), на доделените бодови се аплицира одбиток согласно тоа дали и во која мерка споменатите ограничувања важат.

Евалуација на покриеност кај предмети на осигурување

Покрај бодувањето за секој поединичен ризик, се бодуваат и предметите на осигурување и тоа согласно сумите на осигурување (максималните износи за исплата), но и кај нив може да се аплицира одбиток во случај на одредено ограничување неповрзано со максималниот износ на исплата.

2. ЦЕНА НА ПАКЕТОТ

Откако ќе се доделат вкупен број на бодови на пакетот по ставка 1, истите се поставуваат во корелација со цената на пакетот за да се добие вредност наречена VfM (value for money). Оваа вредност носи најголема тежина во конечната оценка на пакетот.

3. ПРОЦЕС НА ВАДЕЊЕ

Во оценката со помал тежински фактор од VfM учествува и евалуацијата на процесот на издавање на полисата. Можноста истата да се извади комплетно онлајн се бодува максимално, а одбитоци од овој корпус на поени се можни при зголемено време на администрација од страна на осигурителната компанија од просечно потребното, како и комплексност на процесот настрана од препорачаниот процес на прием во осигурување кој гарантира заштита за клиентот во случај на штета.

Тука е важно да се напомене дека Компа, иако инсистира на дигитализација и поедноставување на процесот за клиентите, и истите позитивно ги бодува, никогаш не го прави тоа на сметка на заштитата и позитивните правни процеси при прием во осигурување, затоа што тоа е единствениот начин за зголемување на довербата помеѓу осигурителната индустрија и граѓаните.

4. ОБРАБОТКА НА ШТЕТИ И ГЕНЕРАЛНО ЗАДОВОЛСТВО НА КЛИЕТНИ

Овој критериум учествува во оценката со помала тежина од VfM коефициентот, но поголем од Процесот на вадење. За почеток, оценката се зема од официјалните податоци достапни во извештаите на Агенцијата за супервизија на осигурување. Истата понатаму ќе биде надополнета со податоците од искуството на клиентите на Компа, во моментот кога ќе има доволен обем на податоци за релевантно оценување на овој параметар. 

Заклучок

Оваа детална методологија обезбедува темелна рамка за евалуација на пакетите за осигурување на домови, давајќи приоритет на рамнотежа помеѓу покривањето на ризикот, економичноста и квалитетот на услугата. Со нагласување на односот на ценовната вредност, истовремено интегрирајќи ги прилагодувањата за ограничувањата на покриеноста и инкорпорирањето на оценките за факторите на услуги, овој пристап го олеснува информираното донесување одлуки, овозможувајќи им на потрошувачите да ги препознаат пакетите што нудат оптимална вредност во согласност со нивните специфични потреби и преференции.

Оваа методологија тековно се надополнува и прецизира согласно секојдневното искуство на клиентите, на компаниите и на тимот на Компа, согласно нашата заложба за градење транспарентни процеси за подигнување на довербата во осигурителната индустрија и осигурувањето како клучен фактор за финансиска безбедност на граѓаните и нивните инвестиции.

Ако те интересира повеќе за осигурувањето