Профил на компанијата
Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 134 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производте и услугите, но исто така и во квалитетот на работењето
Кроациа Осигурување направи значителен чекор кон официјализирање на високите стандарди за квалитет под кои работи, со што стана првата финансиска институција во Р. Македонија која се сертифицираше под новата верзија на ISO стандардот за квалитет и се стекна со сертификат ISO 9001:2015 одобрен од Lloyd Registar, како и прва финансиска институција во Р. Македонија со добиен меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците согласно стандардот ISO 10002:2018
Менаџмент на компанијата
Александар Манев е еден од најмладите топ менаџери во осигурителниот сектор во Македонија, но за прилично кусото време откако е на чело на Кроација Осигурување – неживот, резултатите на компанијата се импресивни. За годинава што изминува, Кроација има најголем релативен раст меѓу сите осигурители на пазарот, а во сите класи на осигурување е направено комплетно реструктурирање на портфолиото, односно на сите продукти.
На чело на компанијата од: 2020 година
Коста Димитровски e Директор на прием во осигурување во Кроација – неживот. Со своето дваесетгодишно искуство во осигурителната индустрија, тој располага со импресивни вештини за преговарање и деловно планирање, како и презентациски и аналитички вештини. Во тимот на Кроација Осигурување е од август 2021 година и оттогаш, благодарение на неговата посветеност и знаење, компанијата го има зацврстено нејзиниот статус како истакнат „играч“ во осигурителниот сектор.
На позицијата е од: 2021 година
Понуди на Компа
*Најпродаван пакет од Croatia Осигурување на Компа е
Стандард пакетот на Домаќинско осигурување