Пријава на штета по Домаќинско осигурување - упатства и формулари

Полисите ги купуваме за да не заштитат во случај на штета, односно да можеме да си ги надокнадиме материјалните губитоци причинети од ризиците договорени со полисата. Затоа е мошна важно да знаеме како да постапиме ако настане таков штетен настан. Прво со цел да превенираме поголема штета, а потоа и да и олесниме на компанијата во утврдување на реалните последици од штетата. На тој начин компанијата ќе може побрзо и поефикасно да ја реши и исплати штетата.

Компа е повторно тука за тебе, да ти помогне во тој момент, кој се надеваме дека нема да се случи. Но, ако се случи, ова се чекорите кои е важно да ги преземеш веднаш. Наведените чекори се генерални за сите осигурителни компании чии полиси за Домаќинско ги нуди Компа, но подолу се наведени спецификите, како и формуларите за пријава за секоја од компаниите поединечно.

Чекори што треба да ги направиш во случај на штета

  • Веднаш преземи сè што е во твоја можност за да ги ограничиш последиците од штетата 
  • Aко штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво или сообраќајна незгода, веднаш пријави го случајот во полиција, а во пријавата задолжително наведи кои предмети се уништени, односно оштетени или исчезнати при штетниот настан
  • Штетата пријави ја веднаш до осигурителната компанија, најпрво телефонски а веднаш потоа и на соодветниот мејл на компанијата за пријава на штета кој можеш да го видиш подолу за секоја компанија поединчно. ВАЖНО: Штетата мора да се пријави во рок од 3 работни дена по настанувањето!
  • Од компанијата по пријавата на штета ќе те упатат на следните чекори, а тие најчесто ќе предвидуваат поплнување на формулар за пријава на штетата, во кој меѓу другото ќе треба да се наведат уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност. Затоа не е на одмет веднаш штом можеш да направиш ваков попис, а и да направиш слики од сите оштетени делови од покуќнината и градежниот објект и истите да ги приложиш кон пријавата.
  • Откако штетата ќе ја пријавиш, компанијата ќе испрати овластено лице да ја утврди состојбата на лице место, веднаш или во термин кој ќе го договорите. До неговото доаѓање на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата.
  • Во процесот на решавање на штетата, биди на располагање на компанијата за сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.

Контакти и формулари по компании

Штетата може да се пријави со доаѓање во просториите на Кроација Осигурување – неживот, или по пошта или факс. Образецот за пријава на штета треба да се пополни со сите барани податоци и своерачно да се потпише заедно со документацијата која ја поседувате и да се достави до најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот.

Штетата може да се пријави и телефонски, меѓутоа потребно е што побрзо, а најкасно до 3 дена писмено да се потврди на потребниот образец.

При пријавување штета на имот, во зависност од видот на осигурување, треба да се пополни Пријава на штета. Според Општите услови за осигурување, осигуреникот е должен да ја пријави штета во рок од 3 дена од денот на настанот.

По извршениот увид, од нашите стручни лица ќе биде дефинирана причината за штетата. Во зависност од видот на штетата, проценителот ќе ве информира за тоа што е потребно за да се комплетира предметот со документација. На овој начин ќе се дефинира обемот на штета, по што ќе биде изготвен записник со дефинирана причина за настаната штета и пресметка на штетата.

Во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје, договорените и неспорни штети се исплаќаат веднаш, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на решавање на случајот. Пријавувањето на настанатата штета треба да се изврши во рок од 3 дена од денот на настанување на истата. Иако, настанатата штета може да се пријави и подоцна, треба да се има предвид утврдениот рок за застареност на побарувањата, определен со Законот за облигациони односи.

Веднаш по настанување на штета на имот за истата се известува сектор за штети на телефонскиот број: број 02 / 3288 800, од каде ќе добиете понатамошни инструкции за текот на постапката. Во рок од 3 работни дена настанатата штета потребно е да се пријави на соодветен образец за  пријава на штета.

 

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на  образец  “пријава на штета”. Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот  да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса)
  • Документи за идентификација (за физички лица)
  • Документ за процена на штета
  • Записник од МВР  (по потреба)