За Компа
Компа е дигитално освежување на пазарот на осигурителни услуги во Македонија.
Нашата мисија е да го подигнеме нивото на дигитализираност, транспарентност и едуцираност кога осигурувањето е во прашање.
Долгогодишното искуство во осигурителната и во дигиталните индустрии ни даде јасен увид дека со некористењето на можностите што ги дава технологијата, граѓаните и компаниите пропуштаат многу. Граѓаните, бидејќи досега немаа начин лесно и разбирливо да ги споредат понудите на пазарот, пропуштајќи шанса да се заштитат. Компаниите, бидејќи пропуштаат можност да допрат до граѓаните со продукти кои навистина се квалитетни и со мошне добра заштита и поволна цена.
Затоа ја направивме Компа, онлајн платформа за лесно, разбирливо и брзо споредување и купување на осигурување од македонските осигурителни компании. Веруваме дека токму Компа ќе биде мостот меѓу граѓаните и осигурителните компании, кој ќе придонесе за поголема меѓусебна доверба, побезбедни и посреќни луѓе и домови, поздрава економија.
Со Компа, македонската осигурителна индустрија прави сериозен дигитален исчекор во регионот, промовирајќи се како лидер во дигитализација и транспарентност, а тоа, убедени сме, брзо ќе резултира и со лидерство во покриеноста на пазарот со осигурување.
Тимот на Компа
Импресум
Целосен назив на компанијата: Друштво за дигитални услуги КОМПА ДИГИТАЛ ДОО Скопје
Седиште: бул. Партизански одреди 72а/107, 1000 Скопје
ЕДБ: 4057023564560
Одговорно лице: Дарјан Раденковиќ
Телефон: 070 268 000
e-mail: alo@kompa.mk
Најчести прашања за Компа
Компа е веб-платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор на онаа полиса која најмногу ви одговара.
Компа користи дигитална технологија и напредни UX методологии за интуитивно корисничко искуство, кое гарантира дека за помалку од пет минути можете да ја видите, разберете и споредите целата понуда на пазрот за одреден тип осигурување.
Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, прочитаат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и нивниот движен и недвижен имот. Истовремен, Компа ја нуди и сопствената експертиза како помошш при избор на најсоодветната полиса, но и информира за актуелните промоции, попусти, бенефиции при плаање и слично.
Нашите осигурителни експерти ги анализираат сите осигурителни понуди на пазарот, ги издвојуваат најважните параметри на секоја од нив и ги систематизираат на разбирлив, јасен и лесно споредлив начин. Истовремено, нашите дизајнери ги претставуваат понудите на визуелен начин на кој корисниците многу лесно можат да ги увидат и споредат клучните параметри кај секоја понуда.
На тој начин им помагаме на корисниците да направат информирана одлука, поткрепена со добро разбирање. Истовремно им помагаме на компаниите на јасен начин да ги претстават придобивките од секое осигурување за корисниците.
Услугите на Компа се целосно бесплатни за корисниците. Дополнително Компа гарантира дека цената на полисата извадена со посредство на Компа во било која компанија нема никогаш да биде поскапа од цената на полисата во самата компанија.
Компа има неколку нивоа на доставување на информации до корисниците. Основното ниво се картичките на кој се сублимирани сите клучни информации. Второто ниво е прегледот на сите опфатени ризици и предмети на осигурување на полисата, заедно со сите нивни параметри како лимити, исклучоци, франшиза и рокови на важење. Третото ниво се интегралните услови на осигурување според кои се склучува договорот за осигурување претставен со полисата за осигурување.
Компа го дефинира корисничкото искуство така за да се осигура дека корисниците ги имаат сите информации пред да изберат полиса.
Тимот на осигурителни експерти на Компа во континуитет работи на анализа на различните типови на осигурување. Тоа подразбира длабочинска анализа и на најситните детали на секоја понуда, бидејќи за Компа најважно е корисниците да се целосно запознаени со сите аспекти на осигурувањето што би го купиле. Иако ова е комплексен процес, очекуваме во текот на 2024, континуирано, еден по еден, на Компа да се појавуваат сите типови осигурување достапни за споредба.
на 070 268 000 или alo@kompa.mk