Профил на компанијата

Акционерското друштво „САВА осигурување“ е основано на 24.12.1993 година како АД за осигурување „Табак“ од Скопје. Во 2007 година, компанијата „Сава Ре“ од Љубљана го откупи мнозинскиот пакет акции, а во ноември 2011 година компанијата го заврши процесот на ребрендирање и стана „Сава осигурување“ а.д. Скопје, со што се унифицира со останатите членки на групацијата Сава (Sava Insurance Group). 

Благодарение на стабилноста, брзите и коректни исплати на штети, развиената продажна мрежа, како и постојаните иновации во работата, станавме препознатливи како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници. Важна улога игра создавањето на корпоративна култура базирана на транспарентност и тимска работа, а која низ годините стана една од препознатливите карактеристики на нашето Друштво.

Менаџмент на компанијата

Понуди на Компа

Вкупно понуди
0
Издадени полиси
0
Рејтинг на Компа
0

*Најпродаван пакет од Сава Осигурување на Компа е
Стандард пакетот на Домаќинско осигурување

Контакт

Ул. Железничка бр.41, 1000 Скопје
+389 2 5101 500 | 0800 80 000
www.sava.mk | contact@sava.mk