Профил на компанијата
Друштвото за осигурување UNIQA а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија UNIQA Insurance Group. Во Македонија UNIQA а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерќа-фирма од СИГАЛ, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година.
Во Јуни 2009 година, македонската подружница на SIGAL UNIQA Insurance Group се ребрендира/реструктуира во UNIQA а.д. Скопје и продолжи да ги нуди сите форми на неживотно осигурување продавајќи ги преку своите вработени во продажба, и мрежа на надворешни соработници – агенти и брокери.
Менаџмент на компанијата
Дритон Азизи е веќе долги години на чело на осигурителната компанија Uniqa, која под негово водство бележи одлични резултати, зацврстувајќи се на самиот врв на домашниот осигурителен пазар. Компанијата под негово водство стана препознатлива по широкото портфолио продукти достапни за сите потрби на граѓаните.
На чело на компанијата од: 2011 година
Борче Богески е преку 15 години Директор на Финансискиот сектор на Уника. На позицијата на Член на Управниот Одбор на компанијата доаѓа во 2021 година. Според него, финансиската стабилност е најважниот елемент во исполнувањето на мисијата и визијата на Уника, која не е променета од нејзиното основање: „Ризиците кои не можат да се чуваат само поединечно се споделуваат на рамениците на нашата заедница.“
На позицијата е од: 2021 година
Понуди на Компа
*Најпродаван пакет од Uniqa Осигурување на Компа е
Комфорт пакетот на Домаќинско осигурување