Го пронаоѓаме најдоброто осигурување за тебе.
Компа ги споредува осигурителните понуди на јасен и разбирлив начин и ти помага да ја избереш најдобрата за тебе.






Како функционира
Споделуваш со нас минимум информации потребни да се впуштиме во барање понуди од осигурителните компании за тебе.
Ти ги испраќаме понудите, споредени на разбирлив начин, да можеш лесно да ја избереш најдобрата за тебе.
Целиот процес на вадење и плаќање на полисата е онлајн, а по потреба полисата ти ја доставуваме и на рака.
добиваш вреден подарок со секоја полиса!
Зошто да се осигураш преку Компа?
Гранција за најдобра цена
Ако најдеш пониска понуда од нас, ние ќе ја покриеме разликата во цена и ќе ти дадеме екстра поволност.
Подарок со секоја полиса
Со секоја извадена полиса преку Компа добиваш вреден подарок за тебе, твојот дом или твоето возило.
Асистенција при пријава на штета
Тимот на Компа е тука за тебе во случај на настаната штета, да ти асистира во целиот процес со својата експертиза.
Почни со споредување понуди веднаш
Пополни кратка форма и добиј ги најдобрите понуди за тебе, споредени на едно место.
Ова се луѓето
што работат за тебе
Ги читаме ситните букви за тебе.
Што велат другите за Компа?
„За автоодговорност, услугата беше многу брза, а полисата ми беше донесена лично на адреса. Дополнително, добив подарок што сам го избрав, што целото искуство го направи уште подобро.“
„Преку Компа избрав приватно здравствено осигурување со јасно дефинирани покритија и услови. Точно знаев што вклучува полисата, колку чини и како се користи, што ми беше најважно при изборот.“
„Истиот ден кога поднесов барање за Каско, добив јасно и концизно споредени понуди. Ми помогна многу брзо да ја изберам најдобрата и најисплатлива опција за моето возило.“
„Процесот за осигурување на станот беше целосно онлајн, јасен и едноставен. Најмногу ми значеше тоа што брзо добив понуда, точно знаев што е покриено и немав никакви нејаснотии.“
„Компа многу ми помогна да изберам приватно здравствено осигурување кое најдобро одговара на моите потреби. Tимот ми беше од голема помош при комплетирање на документацијата за осигурувањето.“
„Истиот ден кога го доставив барањето за понуда за Каско, добив јасно и коцизно споредени понуди, што ми помогна да ја изберам најдобрата и најповолната понуда за моето возило.“
Често поставувани прашања
Најчести прашања што ги имаат корисниците на Компа
Што е Компа?
Компа е веб-платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор и купување на онаа полиса која најмногу ви одговара.
Кои се предностите на Компа?
Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и да го склучат осигурувањето онлајн во најкус можен рок.
Истовремено, Компа ја нуди и сопствената експертиза како помош при избор на најсоодветната полиса и информира за актуелните промоции, попусти и бенефиции кај осигурителните компании.
Дали услугата е бесплатна?
Да, целата услуга на Компа е апсолутно бесплатна. Ние не наплаќаме ништо кон клиентите за споредување на понудите или за помош при избор. Компа заработува од услугите на промоција на партнерските компании.
Дали цените што ги добивам се исти како во компаниите?
Да, не само што цените што ќе ги добиеш од Компа се исти како во компаниите, бидејќи ги добиваме директно од нив, туку и нудиме гаранција за најниска цена, односно се обврзуваме да ја покриеме разликата во цена доколку добиеш поевтина понуда од истата компанија.
Дали услугата е целосно онлајн?
Сите осигурителни услуги за кои регулативата го дозволува тоа, на Компа се дигитализирани и онлајн. Плаќањето е секогаш онлајн, доставата на најголемиот дел од полисите исто така. Нашата заложба е максимално да ги поедноставиме процесите на вадење осигурување и тоа да може да го направите од дома или од работа, од вашиот мобилен или компјутер.
Полесно ти е да се чуеме на телефон?
Побарај нѐ и некој од нашите советници ќе ти ги даде сите информации што ти се потребни.
Совети и корисни информации