Возилото е инвестиција што треба да се заштити!
Добиј ги најдобрите понуди споредени на мејл веднаш.
Зошто Каско со Компа?
- Ги добиваш најдобрите понуди на мејл веднаш
- Јасни и разбирливи информации на едно место
- Гарантирано иста цена како во компанијата + подарок
Лесно како ен-два-три!
Пополни
Остави ни ги неопходните податоци за твоето возило, за да ја најдеме најдобрата понуда за тебе
Избери
На мејл ќе добиеш 4 најдобри понуди што најмногу одговараат за твоето возило и твоите потреби.
Склучи
Избраната полиса со помош на Компа ќе ја добиеш во најкус можен рок, со сите поволности.
Компа експерти
Иван е осигурителен брокер, со над 15 години искуство на раководни продажни позиции во неколку осигурителни компании. Неговото темелно познавање на продуктите на осигурителниот пазар ни овозможува на Компа да ги опфатиме сите најважни аспекти од пакетите кои се клучни за корисниците.
Експертиза: Имотни осигурувања, Каско, Незгода
Искуство: 15 години
Марија е специјалист за осигурување, со над 10 години искуство во индустријата. Нејзината способност за анализа и посветеност на детали ни овозможуваат секогаш да сме во тек и со најситните промени кај осигурителните продукти и истите навремено и точно да ги прикажеме на корисниците на Компа.
Специјалност: Домаќинско осигурување
Искуство: 10 години
Клиентите за нас
„Конечно може да изберам осигурување без да се чувствувам како да спремам испит за на факултет“
„Огромно олеснување во изборот на осигурување. На Компа се’ е јасно, прегледно и разбирливо, точно знаеш што избираш. Брзината со која можеш да најдеш и купиш полиса е неспоредлива.“
„Компа е одлична! Додека работев во Шведска сите осигурувања ги вадевме преку вакви платформи. Може дури да се каже дека на Компа е за нијанса подобро корисничкото искуство.“
„На Компа не само што можеш да ги видиш сите понуди на едно место, туку и во процесот можеш да сфатиш кои работи се важни кога избираш осигурување.“
ПОЧУВСТВУВАЈ ГО ВИСТИНСКОТО КОМПА ИСКУСТВО
Осигурaj го твојот дом уште денес!
Погледни ја нашата споредба на понуди за Домаќинско осигурување со точни цени во реално време и избери ја и купи најдобрата полиса за тебе.
Последно на блогот за Каско
Најчести прашања
Компа е веб-платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор и купување на онаа полиса која најмногу ви одговара.
Компа користи дигитална технологија за градење мошне интуитивно корисничко искуство, кое гарантира дека за помалку од пет минути можете да ја видите, разберете и споредите целата понуда на пазрот за одреден тип осигурување.
Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и нивниот движен и недвижен имот и да го купат осигурувањето онлајн во најкус можен рок. Истовремено, Компа ја нуди и сопствената експертиза како помош при избор на најсоодветната полиса, а и информира за актуелните промоции, попусти и бенефиции при плаќање актуелни кај осигурителните компании.
Нашите осигурителни експерти ги анализираат сите осигурителни понуди на пазарот, ги издвојуваат најважните параметри на секоја од нив и ги систематизираат на разбирлив, јасен и лесно споредлив начин. Истовремено, нашите девелопери и UX дизајнери ги претставуваат понудите на визуелен начин на кој корисниците многу лесно можат да ги увидат и споредат клучните параметри кај секоја понуда.
На тој начин им помагаме на корисниците да направат информирана одлука, поткрепена со добро разбирање. Истовремно им помагаме на компаниите на јасен начин да ги претстават придобивките од секое осигурување за корисниците.
Услугите на Компа се целосно бесплатни за корисниците. Дополнително Компа гарантира дека цената на полисата извадена со посредство на Компа во било која компанија нема никогаш да биде поскапа од цената на полисата во самата компанија. Компа заработува на основ на маркетинг презентција на осигурителните продукти и тоа на никаков начин не влијае на цената што ја плаќа корисникот, која на Компа никогаш не е поскапа одошто да се купи во самата компанија.
Компа има неколку нивоа на претставување на информации за корисниците. Основното ниво се картичките на кои се сублимирани сите клучни информации. Второто ниво е прегледот на сите опфатени ризици и предмети на осигурување на полисата, заедно со сите нивни параметри како лимити, исклучоци, франшиза и рокови на важење. Третото ниво се интегралните услови на осигурување според кои се склучува договорот за осигурување претставен со полисата за осигурување.
Компа го дефинира корисничкото искуство така за да се осигура дека корисниците ги имаат сите информации пред да изберат полиса.
Тимот на осигурителни експерти на Компа во континуитет работи на анализа на различните типови на осигурување. Тоа подразбира длабочинска анализа и на најситните детали на секоја понуда, бидејќи за Компа најважно е корисниците да се целосно запознаени со сите аспекти на осигурувањето што би го купиле. Иако ова е комплексен процес, очекуваме во текот на 2024, континуирано, еден по еден, на Компа да се појавуваат сите типови осигурување достапни за споредба.
на 070 268 000 или alo@kompa.mk