Само сигурен
стан може да се нарече дом.

Сите понуди за Домаќинско на едно место, веднаш!

Објектот за кој барате понуда се наоѓа во:

и има:

Просечната цена за 55m² е 1925 денари

Понуди од домашните осигурителни компании

Зошто Домаќинско преку Компа?

Рејтинг
0
Посети
> 0 K
Полиси
0 +

Лесно како ен-два-три!

Одбери

Избери си ја најдобрата од понудите што Компа ги собра и спореди на разбирлив начин за тебе.

Потврди

Заедно го потврдуваме твојот избор и дека имаме се што е потребно за вадење на полисата.

Плати

Плаќањето и доставата на полисата се целосно онлајн, во најбрз можен рок.

+ Вреден подарок со секоја полиса

Како споредуваме?

Компа користи напреден алгоритам направен од нашите експерти кој секогаш ја дава најдобрата понуда за вас

Свои понуди за домаќинско на Компа имаат 7 македонски осигурителни компании

Последно на блогот за домаќинско осигурување

Најчести прашања

Компа е веб-платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор и купување на онаа полиса која најмногу ви одговара.

Компа користи дигитална технологија за градење мошне интуитивно корисничко искуство, кое гарантира дека за помалку од пет минути можете да ја видите, разберете и споредите целата понуда на пазрот за одреден тип осигурување.

Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и нивниот движен и недвижен имот и да го купат осигурувањето онлајн во најкус можен рок. Истовремено, Компа ја нуди и сопствената експертиза како помош при избор на најсоодветната полиса, а и информира за актуелните промоции, попусти и бенефиции при плаќање актуелни кај осигурителните компании.

 

Нашите осигурителни експерти ги анализираат сите осигурителни понуди на пазарот, ги издвојуваат најважните параметри на секоја од нив и ги систематизираат на разбирлив, јасен и лесно споредлив начин. Истовремено, нашите девелопери и UX дизајнери ги претставуваат понудите на визуелен начин на кој корисниците многу лесно можат да ги увидат и споредат клучните параметри кај секоја понуда.

На тој начин им помагаме на корисниците да направат информирана одлука, поткрепена со добро разбирање. Истовремно им помагаме на компаниите на јасен начин да ги претстават придобивките од секое осигурување за корисниците.

Услугите на Компа се целосно бесплатни за корисниците. Дополнително Компа гарантира дека цената на полисата извадена со посредство на Компа во било која компанија нема никогаш да биде поскапа од цената на полисата во самата компанија. Компа заработува на основ на маркетинг презентција на осигурителните продукти и тоа на никаков начин не влијае на цената што ја плаќа корисникот, која на Компа никогаш не е поскапа одошто да се купи во самата компанија.

 

Компа има неколку нивоа на претставување на информации за корисниците. Основното ниво се картичките на кои се сублимирани сите клучни информации. Второто ниво е прегледот на сите опфатени ризици и предмети на осигурување на полисата, заедно со сите нивни параметри како лимити, исклучоци, франшиза и рокови на важење. Третото ниво се интегралните услови на осигурување според кои се склучува договорот за осигурување претставен со полисата за осигурување.

Компа го дефинира корисничкото искуство така за да се осигура дека корисниците ги имаат сите информации пред да изберат полиса.

Тимот на осигурителни експерти на Компа во континуитет работи на анализа на различните типови на осигурување. Тоа подразбира длабочинска анализа и на најситните детали на секоја понуда, бидејќи за Компа најважно е корисниците да се целосно запознаени со сите аспекти на осигурувањето што би го купиле. Иако ова е комплексен процес, очекуваме во текот на 2024, континуирано, еден по еден, на Компа да се појавуваат сите типови осигурување достапни за споредба.

Сѐ уште имате прашања? Зборувајте со нашиот Компа експерт телефонски на
070 268 000 или alo@kompa.mk