Правила и услови за користење

Преамбула

Правилата и услови за користење на овој веб-сајт кој обезбедува услуги се правно обврзувачки за сите корисници. Самото користење на било каква услуга понудена на овој веб-сајт претпоставува согласност и прифаќање на правилата и условите без разлика дали претходно ги имате прочитано или не. Во секој момент пред да одлучите да искористите некоја услуга имате можност да ги отворите и причитате овие правила и услови кои се достапни на нашата веб-страна. Со користење на услугите вие склучувате Договор помеѓу Вас и:

  • Друштво за дигитални услуги КОМПА ДИГИТАЛ ДОО Скопје, со седиште на адреса ул. Булевар Партизански Одреди бр. 72А-107 Скопје, Карпош и ЕМБС 7665466


Овластено лице на друштвото е:

  • Дарјан Раденковиќ од Скопје и мејл адреса за контакт darjan@kompa.mk.
     

Во текстот кој следи ќе можете да ги прочитате општите правила и услови под кои можете да ги користите услугите понудени на оваа веб-страна.

Опис на услуги

Компа им нуди на своите корисници внесување на нивните информации и споредба на релевантни понуди за осигурување од различни осигурителни компании. Корисниците се слободни самите да ја изберат нивната најпосакувана понуда и да склучат Договор за осигурување со избераната осигурителна компанија. Компа овде дејствува како информатор, односно јасно и конкретно ги информира корисниците за сите понуди кои постојат на пазарот од сите осигурителни компании во дадениот момент, а корисникот самиот ја избира најдобрата понуда за него.

Услови за користење на платформата

За користење на платформата на Компа, корисниците мора да имаат најмалку 18 годишна возраст, односно да бидат полнолетни. Со користењето на услугите, Вие гарантирате дека овој услов е исполнет.

Одговорности

Согласно улогата на Компа како информатор во врска со понудите за осигурување, Компа не одговара за било какви последици кои можат да настанат помеѓу Корисникот и Компаниите за осигурување. Корисникот и Компаниите за осигурување меѓусебно ги уредуваат условите, правата, обврските и одговорностите кои произлегуваат од осигурувањето. Корисникот потврдува дека Компа нема никакви обврски и одговорности кон него во врска со избераното осигурување и последиците кои настануваат од осигурувањето. Корисникот ќе се информира во доволна мера од страна на осигурителната компанија во врска со условите на осигурувањето пред склучувањето на договорот за осигурување.

Исто така, Компа нема да биде одговорна за какви било директни, индиректни, случајни, посебни, последователни или примарни штети кои произлегуваат од користењето на услугата или од какви било одлуки донесени врз основа на информациите добиени преку услугата.

Интелектуална сопственост

Сите содржини на нашата веб-страна, вклучувајќи ги без ограничување, текстовите, фотографиите, графиките, заштитните знаци и логоа, брендовите, видео снимки, звуци, музика, кориснички интерфејс, код, како и изгледот и презентацијата на страницата, се во сопственост на Компа или во сопственост на оние од кои сме добиле лиценца за користење и се заштитени со авторски права и други релевантни прописи. Корисниците не смеат да репродуцираат, дистрибуираат, менуваат или создаваат изведени дела од која било содржина без изречна дозвола.

Рекламации или приговори

Доколку корисникот не е задоволен со услугата, може слободно да испрати рекламација или приговор преку е-мејл alo@kompa.mk. Ние оваа рекламација ќе ја обработиме и по потреба ќе ја препратиме до одговорното осигурително друштво и за ова ќе го известиме корисникот.

Достава на услугата

После успешно оставени податоци за осигирување и успешно направена нарачка, тимот на Компа прави проверка на доставените информации со ОНЕ Брокер доо Скопје, со лиценца број УП 19-1-258 од 10.10.2017 година преку кое се издава полисата. Доколку доставените податоци се соодветни за издавање на осигурувањето, испраќаме потврда на вашата е-мејл адреса дека полисата е одобрена за изработка од страна на  заедно со линк за плаќање на истата.

Плаќање на услугата

Одбраната полиса за осигурување може да биде платена преку кредитна или дебитна картичка онлајн или преку уплатница во банка. Плаќањето се врши директно на сметка на Друштвото за застапување во осигурувањето – ОНЕ Брокер доо Скопје, со лиценца број УП 19-1-258 од 10.10.2017 година преку кое се издава полисата.

Без препораки или поттикнувања

Информациите објавени на Компа не претставуваат никаква препорака или поттикнување за купување или продажба на некакава услуга или производ. Корисникот самостојно одлучува со помош на информациите кои му ги пружа kompa.mk.  

Корисничка согласност

Корисник на платформата на Компа е секое физичко лице кое на било кој начин, непосредно или посредно, ги користи или ги има користено услугите на платформата. Секој корисник има лично право за користење на страницата kompa.mk. Ова право е непреносливо на други правни или физички лица.

Согласувајќи се да ги користи услугите на Компа, корисниците ја прифаќаат и Политиката за приватност. Со прифаќањето на овие правила и услови, корнисниците ја потврдуваат својата согласност дека Компа периодично ќе им испраќа детални информации за услугите. Доколку корисниците не сакаат да примаат вакви информации имаат можност да ја известат Компа за ова во било кое време по електронски пат на alo@kompa.mk

Согласност за склучување Договор за осигурување по електронски пат

Корисниците на Компа потврдуваат дека се запознаени со сите релевантни одредби на Законот за електронска трговија и одредбите од Законот за заштита на потрошувачи кои се однесуваат на договорите склучени на далечина. Во согласност со ова со прифаќањето на овие правила и услови за користење, Корисникот е согласен Договорот за осигурување да биде склучен по електронски пат преку интернет како средство за далечинска комуникација и потврдува дека е известен за точниот назив на осигурителното друштво со кое склучува договор, за основните обележја на финансиската услуга, за посебностите на договорот и начинот на решавање на споровите.

Приватност и лични податоци

Приватноста и заштитата на личните податоци се уредени во Политиката за приватност која можете да ја најдете на почетната страница на нашата веб-страна. Во политиката за приватност можете да се информирате и за колачињата кои ги користи нашата веб-страна.

Политика на поврат на средства

Ако корисникот на услугата извршил уплата, но полисата за осигурување не е издадена поради легитимни причини, како што се неусогласеност во дадените информации или неусогласеност со барањата на осигурителната компанија, Компа ќе изврши целосна рефундација на исплатената сума. Ќе го обработиме рефундирањето веднаш откако ќе потврдиме дека издавањето полиса е запрено од валидни причини.

Откако ќе се издаде полиса за осигурување, условите на полисата, вклучувајќи ги сите услови поврзани со откажување и враќање на средствата, се регулирани од соодветната осигурителна компанија. Доколку сакате да ја вратите или откажете издадената полиса, ве молиме погледнете директно на одредбите и условите наведени од осигурителната компанија. 

За какви било прашања или прашања во врска со процесот на откажување и враќање на средствата, контактирајте не на нашата е-пошта за поддршка, alo@kompa.mk. Ние сме тука да ви помогнеме да ги разберете вашите права и процедурите за ефикасно справување со враќањето и повратот.

Применливо право и надлежен суд

Врз овие правила и услови се применуваат македонските закони и прописи, а за било каков спор кој би произлегол или ќе биде во врска со овие правила и услови месно и стварно надлежен е Основен граѓански суд Скопје.

Промени на правилата и условите за користење

Компа го задржува правото да ги укинува или менува целосно или делумно овие услови за користење. Корисниците се советуваат повремено да ги проверуваат овие правила и услови за да останат информирани доколку дошло до некоја промена. Доколку после промена на овие услови, Корисникот продолжи да ги користи услугите, ќе се смета дека се согласува со новите правила и услови за користење. Промените стапуваат во сила на денот на нивното објавување на Компа. 

17.04.2024