Профил на компанијата
ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје e компанија за неживотно осигурување формирана во 2002 година. До 2020 година, единствен акционер на Друштвото е GOFI – Group of Finance & Investment SA. Од 2020 година, со преземање на акциите единствен акционер станува Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group), интернационална компанија со долга осигурителна традиција, со што Еуролинк осигурување станува дел од ова големо меѓународно осигурително семејство.
Стратегијата на компанијата е насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на нашите клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи. Одржливиот развој на Еуролинк осигурување се темели врз општествената одговорност. Еуролинк осигурување е општествено совесен деловен субјект, кој е во континуирана интеракција со средината и вложува во општеството во кое егзистира и работи.
Менаџмент на компанијата
Марија Томеска своето образование го има стекнато на London School of Economics и MBA на IMD во Швајцарија. Во осигурителниот сектор е 20 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 10 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до лидерските пазарни позиции.
Со својата работа и посветеност кон иновации допринесува за развој и обликување на македонскиот осигурителен пазар, преку воведување бројни новитети во компанијата и во осигурителните продукти.
На чело на компанијата од: 2014 г.
Г-дин Херман Зип е Заменик претседател на Управниот одбор на Еуролинк. Тој има огромно искуство во осигурителната индустрија, на стратешки раководни позиции поврзани со градење осигурителни продукти и унапредување на продажната мрежа во повеќе домашни осигурителни компании. Негова потесна експертиза е и подрачјето на реосигурување, кое е клучно за обезбедување беспрекорна заштита за сите клиенти на компанијата.
Во Еуролинк е од 2010 година, каде покрај позицијата на Заменик претседател на Управниот одбор, ја извршува функцијата на Директор за осигурување и реосигурување.
Понуди на Компа
*Најпродаван пакет од Еуролинк на Компа е
Доми Комфор пакетот на Домаќинско осигурување
Контакт
Пиринска бр.23, 1000 Скопје
+389 2 32 89 301 | 15 888
www.eurolink.com.mk | eurolink@eurolink.com.mk