Г-дин Херман Зип е Заменик претседател на Управниот одбор на Еуролинк. Тој има огромно искуство во осигурителната индустрија, на стратешки раководни позиции поврзани со градење осигурителни продукти и унапредување на продажната мрежа во повеќе домашни осигурителни компании. Негова потесна експертиза е и подрачјето на реосигурување, кое е клучно за обезбедување беспрекорна заштита за сите клиенти на компанијата.

Во Еуролинк е од 2010 година, каде покрај позицијата на Заменик претседател на Управниот одбор, ја извршува функцијата на Директор за осигурување и реосигурување.