Марија Томеска своето образование го има стекнато на London School of Economics и MBA на IMD во Швајцарија. Во осигурителниот сектор е 20 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 10 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до лидерските пазарни позиции.

Со својата работа и посветеност кон иновации допринесува за развој и обликување на македонскиот осигурителен пазар, преку воведување бројни новитети во компанијата и во осигурителните продукти.

На чело на компанијата од: 2014 г.