Од 2011 година, Г-ѓа Серафимова е дел од тимот на ВИНЕР во Секторот за финансии и сметководство. Во 2013 година на конкурс како дел од мобилити програмата, е избрана да престојува и работи во Виена, Австрија во дирекцијата на Виена иншуренс груп во секторот за корпоративно сметководство за период од 5 месеци. Од 2012 година, до стапување на функцијата – член на Управниот одбор ја врши функцијата – Менаџер за корпоративно известување, контролинг и ризик менаџмент во Друштвото, со посебен акцент на вршење на длабинска анализа, контрола на сметководствено, материјално – финансиско работење и подготовка на корпоративни извештаи за потребите на Друштвото, за потребите на ВИГ Групацијата како и контрола на усогласеноста на извештаите од доменот на финансиите за државните институции во и надвор од државата.