Анализиравме над 20 понуди за Домаќинско осигурување

Компа, новата платформа за споредување на осигурителни понуди на македонскиот пазар од скоро започна со работа, нудејќи за почеток споредба на сите понуди за Домаќинско осигурување достапни во Македонија. Нашата темелна анализа траеше неколку месеци, при што ги истраживме и најситните детали на сите достапни понуди за Домаќинско. Благодарејќи на тоа – сега можете на едно место, разбирливо и лесно споредливо да ги видите сите понуди и да ја изберете најдобрата за вас. 

Во целиот процес, дојдовме до многу важни и интересни заклучоци кои во оваа прилика би сакале да ги споделиме со сите вас. Одиме по ред.

Домаќинското осигурување во Македонија е со исклучително достапна цена

Еден од највпечатливите наоди од нашата анализа е исклучителната достапност на осигурувањето на домови во Македонија. Просечната цена на полиса за стан од 70 квадрати е околу 3.500 денари годишно, а нуди мошне темелна заштита од речиси сите ризици кои се реална закана за еден дом. При тоа, купувањето речиси секогаш е достапно на рати. Ова значи дека домаќинското осигурување е достапно за најшироката популација и е исклучително добра инвестиција за секој сопственик на стамнбен објект. 

Ако се земе предвид дека една штета во неосигурен дом, како например излевање на вода од инсталации поради која ќе се крене паркетот, може да ве чини илјадници евра, јасно е дека е мошне поскапо да немате осигурување, одошто да го купите по сегашните цени.

Опфатот на ризици е мошне солиден, со тенденција да се проширува и модернизира

Генералната тенденција на македонските осигурителни компании е да нудат по 3 пакети, сите со различен опфат на ризици. Првиот, основен пакет најчесто е со ограничен опфат на ризици и е со најдостапна цена, но многу често на сметка на цената исклучени се некои од поважните ризици, или пак се со ограничен опфат. Доколку имате среќа да имате објект кој не е под закана од некои од ризиците кои се исклучени или ограничени во овие пакети, можете да си го осигурате домот за многу достапна цена.

Средните пакети, кои се и најпродавани, ги нудат сите ризици кои реално му се закануваат на едно просечно домаќинство (излевање од инсталации, пожар, кражба, експлозија, гром, град, невреме, манифестации и демонстрации итн.). Овие пакети нудат одлична вредност за парите.

Конечно, повеќето компании нудат и т.н. Луксузни или Проширени пакети, кои покриваат и дополнителни ризици како домашна интервенција, незгода на членовите на семејството, патничко осигурување, кршење стакло, земјотрес, излевање вода од аквариум, смрт на домашни миленици и други ризици. Оваа тенденција е во насока на одговор на динамичното модерно живеење, односно прилагодување на новите потреби. Некои од компаниите дури нудат и осигурување на велосипеди и електрични тротинети во рамки на домаќинството.

Осигурaj го твојот дом уште денес!

Започни со Домаќинско осигурување, а Компа ќе е со тебе низ целиот процес. На брз и лесен начин до посакуваната полиса.

Колку е поголем ризикот, поголеми се шансите да има одреден лимит на исплатата

Иако покриеноста на пакетите за Домаќинско осигурување со ризици е обемна и прилагодлива, од клучно значење е осигурениците да бидат свесни за одредени ограничувања во рамките на нивните полиси. 

Имено, за целата полиса важат т.н. Суми на осигурување или горни граници на исплата во случај на штета. Но овие максимални суми, не секогаш се однесуваат на сите ризици. Во голем број случаеви, кај ризиците како излевање од инсталации или кражба, сумите на осигурување кај одредени пакети се лимитирани и помали од максималните. 

Причина за ова е што токму овие штетни настани се најголем товар за осигурителната компанија, и затоа компаниите во ова гледаат начин да се заштитат но и да успеат да ја задржат достапната цена на продуктот за клиентите. Вие секогаш имате можност да изберете повисоко покритие од понуденото за поголема цена на полиста. Иако добар дел од овие лимити во најголем број од случаевите ќе бидат доволни за санација на причинетата штета во вашиот дом и враќање во првобитна состојба, сепак добро е да сте запознаени со нив за во случај на штета да нема недоразбирања помеѓу вас и осигурителната компанија. Затоа Компа во својата споредба секогаш ги истакнува лимитите ако тие се ограничени по однос на максималните или просечните.

Процесот на издавање е едноставен и брз за најголемиот дел стамбени објекти

Доколку живеете во стан или просечна куќа од цврста градба во урбана средина, процесот на издавање на полисата е мошне едноставен. Најчесто нема да ви биде потребно ништо повеќе од имотен лист, иако дел од компаниите можат да побараат и слики од објектот, посебно ако е со поголема квадратура или опремен полуксузно од стандардното.

За споредба, во поголем број од западните земји ќе одговорите на просечно околу 50-тина прашања пред да добиете понуда. Се разбира, на тој начин ќе добиете мошне поперсонализирана проценка на ризикот и цената. Но, во Македонија, процентот на осигурени домаќинства е толку мал, што компаниите мораат да балансираат во процесот на издавање со цел да ги охрабрат граѓаните да извадат полиса за домаќинско осигурување.

Токму поради оваа отвореност на осигурителните компании во желба да се прошири опфатот на осигурени домаќинства, Компа е во можност да понуди комплетно онлајн вадење на полиса за домаќинско во најбрз можен рок од најголемиот број компании на пазарот. 

Заклучок

Темелната споредба и анализа на Компа на пазарот на домаќинско осигурување во Македонија, покажа дека на граѓаните им е на располагање ценовна достапност и лесно издавање, со мошне солиден опфат на ризици, за кои некогаш постојат лимит при исплата, кои сепак најчесто се доволни да се покрие штетата и да се врати домаќинството во првобитната состојба.

Ова го прави домаќинското осигурување, не само вредна, туку и неопходна инвестиција која мора да ја направи секој сопственик на стамбен објект. Денес тоа е полесно од било кога, со платформата на Компа која во само неколку секунди ќе ви ги излиста и спореди сите понуди за домаќинско осигурување достапни на пазаарот, препорачувајќи ви ги најсоодветните за вашиот објект.

Со друг зборови, сега веќе немаме изговори да го оставиме нашиот дом незаштитен.