Го пронаоѓаме најдоброто осигурување за тебе.
Компа овозможува споредба на осигурителни понуди на јасен и разбирлив начин за да можеш да ја избереш најдобрата за тебе.






Како функционира
Споделуваш со нас минимум информации потребни да се добијат понуди од осигурителните компании за тебе.
Ги добиваш понудите на мејл, споредени на разбирлив начин, да можеш лесно да ја избереш најдобрата за тебе.
Целиот процес на вадење и плаќање на полисата е онлајн, а по потреба полисата се доставува и на рака.
добиваш вреден подарок со секоја полиса!
Зошто Компа?
Гранција за најдобра цена
Понудите што ќе ги добиеш се гарантирано најниските, директно од осигурителните компании
Подарок со секоја полиса
Со секоја извадена полиса добиваш вреден подарок за тебе, твојот дом или твоето возило.
Асистенција при пријава на штета
Брокерски тим е тука за тебе во случај на настаната штета, да ти асистира во целиот процес со својата експертиза.
Почни со споредување понуди веднаш
Пополни кратка форма и добиј ги најдобрите понуди за тебе, споредени на едно место.
Ова се луѓето
што работат за тебе
Ги читаме ситните букви за тебе.
Што велат другите за Компа?
„За автоодговорност, услугата беше многу брза, а полисата ми беше донесена лично на адреса. Дополнително, добив подарок што сам го избрав, што целото искуство го направи уште подобро.“
„Преку Компа избрав приватно здравствено осигурување со јасно дефинирани покритија и услови. Точно знаев што вклучува полисата, колку чини и како се користи, што ми беше најважно при изборот.“
„Истиот ден кога поднесов барање за Каско, добив јасно и концизно споредени понуди. Ми помогна многу брзо да ја изберам најдобрата и најисплатлива опција за моето возило.“
„Процесот за осигурување на станот беше целосно онлајн, јасен и едноставен. Најмногу ми значеше тоа што брзо добив понуда, точно знаев што е покриено и немав никакви нејаснотии.“
„Компа многу ми помогна да изберам приватно здравствено осигурување кое најдобро одговара на моите потреби. Tимот ми беше од голема помош при комплетирање на документацијата за осигурувањето.“
„Компа е супер. Го олеснуваат целиот тој сложен и непотребно комплициран процес на одбирање осигурување и ти заштедуваат драгоцено време што инаку ќе го потрошиш во пиење кафиња со продажни агенти.“
Често поставувани прашања
Најчести прашања што ги имаат корисниците на Компа
Што е Компа?
Kompa е технолошка платформа за споредба на осигурителни понуди од домашните осигурителни компании. Таа овозможува брз, лесен и разбирлив начин на споредба на сите достапни понуди, а со тоа и информиран избор на полисата која најмногу ви одговара.
Понудите ги издава и осигурувањето го врши Оне Брокер АД Скопје, лиценциран осигурителен брокер — нашиот партнер преку кој се склучуваат сите договори за осигурување на платформата.
Кои се предностите на Компа?
Компа го скратува времето кое на корисниците им е потребно да ги најдат, разберат и споредат сите осигурителни понуди што се релевантни за нив и да го склучат осигурувањето онлајн во најкус можен рок.
Истовремено, преку Компа, тимот на One Broker ја нуди и сопствената експертиза како помош при избор на најсоодветната полиса и информира за актуелните промоции, попусти и бенефиции кај осигурителните компании.
Дали услугата е бесплатна?
Да, целата услуга на Компа е апсолутно бесплатна. Ние не наплаќаме ништо кон клиентите. Компа заработува од технолошките услуги кои ги пружа на One Broker, кој пак заработува од брокерската провизија за секоја издадена полиса која ја наплаќа од осигурителните компании.
Дали цените што ги добивам се исти како во компаниите?
Да, не само што цените што ќе ги добиеш се исти како во компаниите, бидејќи One Broker ги добива директно од нив, туку брокерот се обврзува да ја покрие разликата во цена доколку добиеш поевтина понуда од истата компанија.
Дали услугата е целосно онлајн?
Сите осигурителни услуги за кои регулативата го дозволува тоа се дигитализирани и онлајн. Плаќањето е секогаш онлајн, доставата на најголемиот дел од полисите исто така. Нашата заложба е максимално да помогнеме во поедноставување на процесите на вадење осигурување и тоа да може да го направите од дома или од работа, од вашиот мобилен или компјутер.
Полесно ти е да се чуеме на телефон?
Побарај нѐ и некој од нашите советници ќе ти ги даде сите информации што ти се потребни.
Совети и корисни информации