ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНОСТ

Каде добиваш најмногу за твојата полиса?

Компа ги споредува понудите на осигурителните компании и ти помага да ја избереш понудата со најмногу поволности за тебе.

Компа споредува понуди од
ПРОЦЕС

Како функционира

Три едноставни чекори за да добиеш најдобра понуда
send
Праќаш Инфо

Споделуваш со нас минимум информации потребни да се впуштиме во барање понуди од осигурителните компании за тебе.

receive_mkd_transparent
Добиваш Понуди

Ти ги испраќаме понудите, споредени на разбирлив начин, да можеш лесно да ја избереш најдобрата за тебе.

pay
Плаќаш Онлајн

Целиот процес на вадење и плаќање на полисата е онлајн, а по потреба полисата ти ја доставуваме и на рака.

добиваш вреден подарок со секоја полиса!

КОМПА ЕКСПЕРТИ

Зошто да извадиш полиса преку Компа?

Гранција за најдобра цена

Ако најдеш пониска понуда од нас, ние ќе ја покриеме разликата во цена и ќе ти дадеме екстра поволност.

Подарок со секоја полиса

Со секоја извадена полиса преку Компа добиваш вреден подарок за тебе, твојот дом или твоето возило.

Асистенција при пријава на штета

Тимот на Компа е тука за тебе во случај на настаната штета, да ти асистира во целиот процес со својата експертиза.

Добиј споредени понуди веднаш!

Пополни кратка форма и добиј понуди во најбрз можен рок.

КОМПА ЕКСПЕРТ ЗА АВТООДГОВОРНОСТ

ИВАН СТЕВКОВ

Со 15 години искуство во осигурителната индустрија, Иван е тука да ги најде понудите за автоодговорност кои имаат најмногу поволности за тебе.

Што велат другите за Компа?

Прочитај вистински рецензии од луѓе како тебе.
КОМПА РЕСУРСИ

Планираш да увезеш возило?

Пресметај ги точно до денар сите трошоци со калкулаторот кој ти го овозможивме во соработка со KalkulirAI.

Најчесто поставувани прашања

Најчести прашања на корисниците на Компа поврзани со осигурувањето од автоодговорност.

Што покрива полисата?

Автоодговорноста е задолжително осигурување за сите моторни возила и служи за покривање на штети што ќе ги предизвикате на трети лица при сообраќајна незгода. Со оваа полиса се надоместуваат материјални и нематеријални штети на други возила, имот или лица, но не ги покрива штетите на вашето сопствено возило. Автоодговорноста е законски услов за регистрација и учество на возилото во сообраќај.

Не. Автоодговорноста не покрива штети на вашето сопствено возило.
Оваа полиса ги покрива исклучиво штетите што ќе ги предизвикате на трети лица – нивни возила, имот или телесни повреди. За заштита на сопственото возило при сообраќајна незгода, кражба или други оштетувања, потребно е каско осигурување.

Основната цена на полисата за едно исто возило во сите компании е иста, но има разлика во покритијата што може да се докупат, како осигурување на патници од незгода и патна асистенција. Истот така, различни компании даваат различни подароци за извадена полиса.

По пополнување на формата, понудите ти ги испраќаме споредени по сите параметри на посебен линк по електронска пошта. Можеш да ги прегледаш, споредиш и да одбереш полиса директно од нашата платформа, комплетно по електронски пат.

Да, Компа ти ја доставува полисата на рака, заедно со подарокот, на посакуваната локација. Во Скопје најчесто за најмногу 1 работен ден, а низ Македонија за 2 работни дена.

Во тој случај, ќе ни треба документ во кој ги има сите податоци за возилото (фактура, хомологација или сл.), па врз основа на тој документ се пресметува цената и се издава полисата со која ќе го регистрираш возилото за прв пат.

Имаш уште прашања?

Стоиме на располагање во било кое време за помош.

Компа советува

Совети и корисни информации

Научи повеќе за осигурувањето и како да го избереш правилното покритие за твоите потреби.
Како клиентите на Компа заштедуваат 300 евра на Каско полиса во просек
Разликата во цена помеѓу Каско понудите со исто покритие може да биде голема, а тешко е да се има увид во сите понуди, освен ако некој не ги спореди за тебе.
Како да избереш Приватно здравствено осигурување
Здравственото осигурување стана мошне барано, но многумина се соочуваат со недоумици околу тоа што точно покрива и кој пакет да се избере.