Намалете го за 90% ризикот од штета во домот во 4 чекори

Еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот дом и да ја намалите веројатноста од настанување штета за 90%.

Вашиот стамбен објект не е само физичка локација; тоа е дом за вас и вашите најблиски, каде не се сместени само предмети, туку и спомени, вредности и соништа. Заштитата од потенцијална штета вклучува повеќе од само заклучување на вратите ноќе. Еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот дом од различни ризици, и ќе ја намалите веројатноста од претрпување штета и загуба за 90%.

1. Заштита од кражба

  • Бидете дискретни на социјалните мрежи: Избегнувајте да објавувате информации за отсуство од дома на платформите на социјалните медиуми. Провалниците често користат такви информации за да ги таргетираат домовите кога станарите се отсутни.
  • Отстранете го пакувањето на вредните предмети: Откако ќе купите нови и вредни предмети, дискретно фрлете ги нивните кутии и пакување. Оставањето кутии за скапа електроника или други вредни предмети надвор може да ги привлече крадците.

2. Спречете излевање на вода

  • Редовно одржување: Редовно проверувајте ги инсталациите за протекување и навремено решавајте ги сите проблеми. Мало капнување може брзо да ескалира во значителна штета.
  • Познавање на вашата водоводна мрежа: запознајте се со локацијата на главниот вентил на водоводната мрежа за да можете да ја исклучите во итен случај за да спречите поплави.

3. Ублажете ги опасностите од пожар

  • Инсталирајте детектори за чад: Размислете за поставување на детектори кои се поврзани со интернет и преку апликација можат да ве предупредат за опасност од пожар во вашиот дом.
  • Одржувајте ги електричните системи: Редовно проверувајте ги електричните жици и уредите во вашиот дом за какви било знаци на истрошеност. Избегнувајте преоптоварување на електричните приклучоци и користете заштитници од пренапони.
  • Полека префрлајте се кон „Паметен дом“: Новата технологија овозможува паметна инфраструктура во домаќинството, поврзана со интернет која дава информација во реално време за можните опасности или исклучува голем дел од инсталацијата и уредите кои не мора да се нужно вклучени како фрижидерот додека не сте дома.

4. Купете полиса за осигурување на домот

Последниот и најклучен чекор во заштитата на вашиот дом од оштетување е да купите сеопфатна полиса за осигурување на домот. Осигурувањето не само што нуди финансиска заштита од кражби, штети од вода, пожар и природни катастрофи, туку обезбедува и мир на умот знаејќи дека сте подготвени за неочекувани настани. 

Сега изборот и купувањето на полиса стана мошне полесно со Компа, бидејќи ги споредивме и поставивме на едно место сите достапни понуди за Домаќинско осигурување на пазарот, но и овозможивме комплетно онлајн плаќање и достава на полиста.