Дали вреди приватно здравствено осигурување?

Приватното здравствено осигурување е еден од најбараните продукти на Компа. Со тоа доаѓа и едно прашање што го слушаме речиси секојдневно: дали навистина вреди да се има полиса?

Одговорот не е секогаш фиксно „да“ или „не“. Зависи од тоа како гледаме на здравјето: како нешто што го решаваме кога ќе се појави проблем, или како нешто за кое се подготвуваме однапред.

Кога разговараме со луѓе кои веќе имаат приватно здравствено осигурување, најчесто ни кажуваат една иста причина: сакаат да бидат мирни. Не затоа што очекуваат нешто да се случи, туку затоа што знаат дека ако се случи, нема да мораат да носат одлуки под притисок. Ниту здравствени, ниту финансиски.

И тоа има смисла. Денес, посериозните здравствени интервенции во приватните болници можат да чинат илјадници евра. Операции од неколку илјади евра, болнички престој кој лесно достигнува 1.000 евра на ден. Тоа се трошоци што ретко кој ги планира однапред, а уште поретко може лесно да ги апсорбира.

Но реалноста е дека трошоците не доаѓаат само од вакви „големи“ ситуации.

Многу почесто, тие започнуваат со нешто едноставно. Рутински преглед што води до дополнителни испитувања. Доктор кој препорачува магнет или компјутерска томографија – процедури што на приватно можат да чинат десетици илјади денари. Ситуации што не се итни, но не можат ни да чекаат со месеци.

Понекогаш станува збор за нешто што на почеток изгледа безопасно. Обичен грип кој се комплицира. Кратка хоспитализација. Неколку дена терапија. И одеднаш — сметка што не си ја очекувал.

Или пак нешто уште попрактично — спортска повреда, потреба од физикална терапија, или итна ситуација со дете во текот на викенд или навечер, кога единствената реална опција е приватна здравствена установа.

Секој од овие случаи сам по себе можеби не изгледа драматично. Но кога ќе се соберат, станува јасно дека здравствените трошоци не доаѓаат одеднаш, туку постепено, и често неочекувано.Затоа, ако се погледне пошироко, одговорот е прилично јасен: да, приватното здравствено осигурување вреди.

Но тука доаѓа важниот дел што често се занемарува.

Скепсата што постои кај луѓето е оправдана. Многумина се прашуваат дали навистина ќе им бидат покриени трошоците, дали ќе им се признаат штетите и дали условите се толку јасни како што изгледаат на почеток.

И вистината е дека не секоја полиса е иста.

Разликата не е само во цената, туку во тоа што реално добиваш. Што покрива полисата, кои се лимитите, кои се исклучоците и како функционира во пракса. Најевтината опција често изгледа примамливо, но може да се покаже како најскапа во моментот кога најмногу ти треба.

Токму затоа е важно одлуката да не се носи набрзина.

На Kompa се трудиме да го поедноставиме овој процес. Да ги прикажеме понудите јасно, да ги направиме разбирливи и да помогнеме секој да знае точно што избира.

Затоа што Приватното здравствено осигурување навистина вреди, но само кога точно знаеш што добиваш.

На крај, можеби најдобриот начин да се постави прашањето не е „дали вреди“, туку:

Дали сакаш да реагираш кога нешто ќе се случи или да бидеш подготвен однапред.