Пазарот на приватно здравствено осигурување кај нас долго време се врти во еден маѓепсан круг на недоверба. Од една страна се клиентите, кои често се скептични дали ќе бидат заштитени токму тогаш кога им е најпотребно. Од друга страна се компаниите, кои штитејќи се од злоупотреба и несоодветно користење на полисата, понекогаш поставуваат правила кои делуваат круто.
Изминатите две години, преку Kompa, имавме прилика да го гледаме овој феномен од првиот ред. Низ нашата платформа поминаа стотици барања за приватно здравствено и разговори со семејства и компании.
Заклучокот до кој дојдовме беше всушност многу едноставен: На луѓето не им е проблем да платат за своето здравје, сè додека имаат предвидливост. Сфативме дека корисниците не бараат најевтино решение по секоја цена. Нив им е најважно да знаат дека можат да се потпрат на осигурувањето кога им е најпотребно и дека нема да бидат непријатно изненадени во случаеви кога очекувале покритие, а од некоја причина не знаеле дека не им следувало.
Од друга страна, нашата блиска соработка со компаниите ни даде увид дека и стравот на компаниите не е без основа. Имено, ниту една компанија, долгорочно гледано, нема директен интерес и намера да одбива штети, но во одреден момент мора да го заштити „заедничкиот фонд“ на средства уплатени за приватно здравствено осигурување. Кога фондот се празни пребрзо поради масовно користење за помали интервенции и преку „креативно прилагодување“ на дијагнозите од страна на болниците, математиката престанува да функционира и првата инстиктивна реакција на компаниите е да воведат ограничувања на користењето.
Сето ова создава атмосфера на недоверба во која е мошне тешко да се оддржи еден добар и достапен продукт за здравствено осигурување.
Зошто решивме да преземеме иницијатива?
Како платформа која само олеснува при изборот на осигурување, ние немаме контрола врз продуктите и понудите што ги собираме и споредуваме за граѓаните. Сфативме дека ако сакаме навистина да помогнеме, мораме да излеземе од улогата на пасивен набљудувач. Моравме активно да иницираме промена.
За тој чекор ни требаше партнер кој е подготвен да слуша. Тој партнер го најдовме во Euroins Insurance AD Skopje. Ние им го пренесовме она што „пазарот го зборува“, а тие ја имаа храброста да го слушнат тоа и да креираат решение. Решение за кое Компа ќе биде еден од каналите на дистрибуција, веруваме најуспешниот, а сигурно најпосветениот бидејќи сега го имаме она што нашите корисници го бараа најмногу.
Така настана пакетот „Active Care“, пакет кој ги адресира реалните потреби
Пакетот „Active Care” е директен одговор на најчестите прашања и предизвици кога приватното здравствено осигурување е во прашање и се фокусира на клучните аспекти кои носат спокој кај осигурениците, но и кај компанијата:
- Транспарентност и разбирливост: Без ситни букви. Условите се напишани за да бидат разбрани, а не за да збунат.
- Вклучени реални ризици со оптимално покритие: Осигурителните покритија и лимити се поставени реално, со оптимална висина, реално искористливи за осигуреникот а воедно оддржливи за пулот на осигурувањето.
- Директна исплата: Кога ви е најтешко, не треба да мислите на пари. Исплатата оди директно кон болницата.
- Асистентска поддршка: Служба која е тука да ви каже однапред на што сте, за никогаш да не се најдете во ситуација на неизвесност пред болничкиот шалтер.
Зошто „Active Care“? Затоа што активната грижа е најдобриот рецепт за добро здравје
Пакетот е наречен „Active care“ затоа што успехот на овој продукт го гарантира единствено активен пристап, како од страна на осигурувачот, така и од страна на клиентите. Односно, заеднички активен пристап кон секој проблем, во секоја потреба, преку договор и обострана доверба.
Дополнително, Компа како дигитален дистрибутивен канал на овој пакет, обезбеди и подарок кој ќе ги поттикне осигурениците да бидат и физички активни, затоа што тоа е најдобриот пат до добро здравје што го посакуваат и клиентот и компанијата. Со склучување полиса со „Active Care” пакетот следуваат ФитКит кредити во вредност од 3.000 денари кои може да се искористат во над 200 спортски објекти во цела држава.
Заклучок
За еден ваков квалитетен пакет да опстане долгорочно, неопходно е осигурувањето треба да се разбере како заштитна мрежа за непредвидени ситуации и начин за добивање на побрза и покваклитетна здравствена услуга. Тоа не е алатка која треба да се користи „за да се вратат парите“, ниту пак механизам каде што се преформулираат дијагнози за да се добие покритие кога тоа реално не следува.
Визијата на Компа е преку транспарентност и дигитализација да помогне во воспоставување на проактивен и фер однос меѓу клиетните и компаниите. Да им помогнеме на компаниите да понудат заштита, јасност и брзина каква што бара пазарот. Да бидеме отворени и со корисниците по однос на тоа дека од нив се очекува одговорност. Само така можеме да ја вратиме довербата во осигурувањето и да изградиме систем кој е одржлив и корисен за сите.
Ве покануваме да видите што содржи пакетот ActiveCare на Евроинс.