Правила и услови за користење
Преамбула
Правилата и условите за користење на kompa.mk се обврзувачки за сите корисници. Со користењето на платформата се смета дека ги прифаќате. Во секој момент можете да ги прочитате пред да ја користите услугата.
Kompa.mk е технолошка платформа за споредба на осигурување, во сопственост на Компа Дигитал ДОО Скопје, ул. Булевар Партизански Одреди бр. 72А-107, Скопје, ЕМБС: 7665466. Овластено лице: Дарјан Раденковиќ | darjan@kompa.mk
Осигурителните услуги достапни преку kompa.mk ги врши Оне Брокер АД Скопје, ул. Франклин Рузвелт бр. 35, Скопје, лиценциран осигурителен брокер, Лиценца бр. УП 19-1-258 од 10.10.2017 година.
Опис на услугите
Kompa.mk ви овозможува да ги внесете вашите информации и да споредите понуди за осигурување. Сите понуди се понуди на Оне Брокер АД Скопје — Kompa ја обезбедува технологијата за нивниот приказ и споредба.
По изборот на понуда, Оне Брокер АД Скопје ја обработува вашата нарачка и, доколку информациите се во ред, ја подготвува полисата. Kompa не е страна во договорот за осигурување.
Услови за користење
За користење на kompa.mk треба да имате најмалку 18 години. Со користењето на услугите го потврдувате ова.
Ве молиме внесувајте точни информации — тоа директно влијае на исправноста на понудата и можноста за издавање на полисата.
Договорен однос за осигурување
Со поднесувањето на нарачка преку kompa.mk, испраќате барање до Оне Брокер АД Скопје за издавање на полиса. Договорот за осигурување настанува помеѓу вас и Оне Брокер АД Скопје, согласно условите на избраното осигурително друштво.
Со прифаќањето на овие услови потврдувате дека сте запознаени со одредбите за договори склучени на далечина согласно Законот за електронска трговија и Законот за заштита на потрошувачи, и дека сте информирани за:
називот на осигурителното друштво со кое склучувате договор
- основните карактеристики на избраната услуга
условите на осигурување и - начинот на решавање на споровите
Одговорности
Kompa одговара за технолошкото функционирање на платформата.
Оне Брокер АД Скопје е одговорен за точноста на понудите, обработката на нарачките и издавањето на полисите.
Kompa не одговара за последиците кои можат да произлезат од осигурителниот однос помеѓу вас и осигурителното друштво, ниту за одлуките донесени врз основа на информациите добиени преку платформата.
Достава на услугата
По успешно поднесена нарачка, Оне Брокер АД Скопје ги верификува доставените информации. При успешна верификација, на вашата е-мејл адреса добивате потврда дека полисата е одобрена, заедно со линк за плаќање.
Плаќање
Полисата може да се плати со кредитна или дебитна картичка онлајн, или преку уплатница во банка. Плаќањето оди во корист на осигурителното друштво преку Оне Брокер АД Скопје, Лиценца бр. УП 19-1-258.
Рекламации и приговори
Доколку не сте задоволни, пишете ни на alo@kompa.mk. Технички прашања ги решаваме директно. Прашања поврзани со понудите и полисите ги проследуваме до Оне Брокер АД Скопје.
Политика на поврат на средства
Ако сте платиле, а полисата не е издадена поради легитимни причини, Оне Брокер АД Скопје ви ги враќа средствата во целост.
По издавањето на полисата, условите за откажување ги одредува осигурителното друштво. За прашања пишете на alo@kompa.mk.
Лични податоци
Со користење на kompa.mk и поднесување на барање за осигурување се согласувате дека:
Компа Дигитал ДОО ги обработува вашите технички податоци за функционирање на платформата.
Оне Брокер АД Скопје ги обработува вашите лични податоци потребни за изработка на понудата и издавање на полисата
Деталите се опишани во нашата Политика за приватност.
Комуникација
Со прифаќањето на овие услови се согласувате Kompa и Оне Брокер повремено да ви испраќаат информации за услугите. Ако не сакате да примате вакви пораки, јавете ни се на alo@kompa.mk.
Без препораки
Информациите на kompa.mk не се препорака за купување на конкретен производ. Вие самостојно го правите изборот. Стручниот осигурителен совет е во надлежност на Оне Брокер АД Скопје.
Интелектуална сопственост
Сите содржини на kompa.mk се во сопственост на Компа Дигитал ДОО или нивните лиценцодавци. Не смеат да се репродуцираат или менуваат без дозвола.
Применливо право
На овие услови се применуваат македонските прописи. За евентуални спорови, надлежен е Основен граѓански суд Скопје.
Промени
Го задржуваме правото да ги менуваме овие услови. Продолжувањето со користење на платформата по објавувањето на промените значи прифаќање на новите услови.
Верзија 2.0 | март 2026 | kompa.mk — во соработка со Оне Брокер АД Скопје