Како клиентите на Компа заштедуваат 300 евра на Каско полиса во просек

Разликата во цена помеѓу Каско понудите со исто покритие може да биде голема, а тешко е да се има увид во сите понуди, освен ако некој не ги спореди за тебе.

Изборот на каско осигурување е една од оние одлуки каде што разликата помеѓу „брзо завршена работа“ и „информиран избор“ може да значи илјадници денари годишно. Во kompa.mk често гледаме дека возачите не плаќаат повеќе затоа што сакаат, туку затоа што немаат целосен увид во понудите на пазарот. Најчесто причината е практична — потребно е многу време и комуникација за да се соберат и споредат сите релевантни понуди.

За да го потврдиме ова со податоци, спроведовме анкета меѓу нашите клиенти и анализиравме како тие го избирале каско осигурувањето пред да дознаат за Компа, и каква разлика направил пристапот до целосна споредба.

Како изгледал изборот на каско осигурување пред Компа?

Резултатите од анкетата покажаа јасен образец:

  • 60% од испитаниците земале каско полиса од осигурителната компанија каде што ја ваделе и полисата за регистрација
  • 33% барале и споредувале 2 или 3 понуди
  • 7% одвојувале време да побараат повеќе од 3 понуди

Овие податоци не значат дека клиентите правеле „погрешен“ избор, туку дека во најголем дел од случаите изборот бил направен со ограничен увид, поради времето и напорот потребни за да се добијат сите информации од пазарот.

Зошто ограничениот увид често значи пропуштена заштеда?

Каско осигурувањето не е униформен производ. Цената и условите значително варираат од компанија до компанија, и тоа по повеќе основи. Кај некои осигурителни компании, возила со повисока вредност имаат релативно пониска каско цена, додека кај други тоа не е случај. Некаде одреден тип франшиза е поповолен, додека во друга компанија истата франшиза носи повисока цена. Дополнително, разликите постојат и кај дополнителните покритија, начинот на проценка на ризик и интерните тарифници.

Кога клиентот има увид само во една понуда, или во 2–3 понуди, многу е веројатно дека негде на пазарот постои понуда со исто или слично покритие, но пониска цена, која едноставно не била земена предвид.

Како ја пресметавме просечната заштеда од 18.300 денари?

Во рамки на истражувањето ги споредивме цените на каско полисите кои клиентите првично планирале да ги земат со цените на полисите што на крај ги избрале преку kompa.mk. Притоа, анализата беше направена исклучиво за понуди со споредливо покритие, без компромиси во условите.

Кај клиентите кои првично би земале полиса без споредба, како и кај оние што споредувале ограничен број понуди, во повеќето случаи постоела алтернатива со подобра цена за исто ниво на заштита. Кога сите релевантни понуди стануваат видливи на едно место, разликите во цените стануваат очигледни.

Врз основа на овие реални податоци, утврдивме дека просечната разлика меѓу првичната цена и најповолната избрана понуда изнесува 18.300 денари по каско полиса.

Ова не е максимална или теоретска заштеда, туку просек добиен од реални случаи на клиенти кои направиле споредба.

Заклучок: заштедата е резултат на брзо прибирање и јасно споредување на понуди

Анкетата покажува дека најголемиот предизвик при изборот на каско осигурување не е цената сама по себе, туку времето и сложеноста потребни за споредба. Кога тој процес е поедноставен и транспарентен, клиентите добиваат можност да донесат информирана одлука.

Токму затоа, клиентите на kompa.mk во просек заштедуваат 18.300 денари по каско полиса — не затоа што прават компромис, туку затоа што имаат целосен увид во најповолите понуди на пазарот за нив.