Професорот Климе Попоски предава на катедрата за осигурување на Универзитетот „Свети Климент Охридски“. Тој беше Претседател на Советот на експерти, на Агенцијата за супервизија на осигурување, во два мандата, од 2009 до 2019 година.
Попоски е член на Собранието при Стопанската Комора, почесен член на Македонското здружение на актуари, како и на меѓународното здружение на Actuaires du Monde. Од посебно значење е инволвираноста во Asia-Pacific Risk and Insurance Association како член на Бордот на гувернери, како и иницијатор и еден од основачите на новоформираната Eastern Europe Risk Insurance Association.
На позицијата е од: 2020 година